ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделците кои 10 години ги потценуваше

Владата покажува континуирана грижа за одгледувачите на овошки, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделците кои 10 години ги потценуваше За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кога се потценуваа земјоделците и не се ценеше нивниот труд, по промените, Владата на СДСМ покажува што значи вистинска грижа за нив, се вели во реакција од СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВРМО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделците, кои 11 години беа целосно заборавени.

Во однос на одгледувачите на овошни насади, факт е дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој минатата недела исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци.

Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.

Со исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, Министерството за земјоделство ги исполни сите барања на производителите на јаболка, и тоа 14 дена порано рокот кој го бараа овоштарите.

Претходно беше реализирано барањето за продолжување на мерката за дополнителнa субвенции од 3 денари до 30 – ти јуни годинава. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

Оваа дополнителна мерка е воведена минатата година, а во периодот откако стапи на сила до денес се откупени околу 50 илјади килограми јаболко.

Тоа се 2 до 3 пати повеќе од било која година претходно. Тоа се околу 2,5 милиони евра повеќе пари коишто оваа година кај производителите на јаболка во преспанскиот регион.

Јасно е, Министерството за земјоделство континурано се грижи за одгледувачите на јаболки и за сите земјоделци, се вели во реакција од СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.