ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сведок: Се прислушуваше од неколку локации во Скопје, а пристап во опремата имаа Сашо Мијалков и Горан Грујевски

Црвеното копче на машината за прислушување се вклучувало секогаш кога тогашниот директор Сашо Мијалков, и началникот Горан Грујевски, од своите канацаларии пристапувале во системот „НАЈС“ на тајната полиција. Тие двајца, но уште едно лице имале корисничка група која на нарекле „Важно“.  Тоа го забележувал и инженерот Сашо Трајковски кој денеска во судницата како сведок во процесот „Таргет-Тврдина“ на СЈО откри дека до системот за прислушување во УБК, „НАЈС“, можело да се пристапува и од неколку локации надвор од кругот на МВР.

За „НАЈС“ системот знам дека имаше посебно одделение во некогашниот Аеро клуб спроти гимназијата Јосип Броз Тито во Центар каде по насоки на началникот Горан Грујевски беа инсталирани работни станици. Тоа е единствен случај за кој знам дека се пристaпувaло надвор од кругот на министерството. Дури во текот на 2016 кога бев префрлен со канцеларија кај аеродромот во Петровец разбрав од колега дека имало стан кај железничка станица од каде се пристапувало и наводно кога колеги од МВР кои доаѓале таму го зафаќале паркингот па станарите се бунеле, раскажа Трајковски.

УБК опремила и просторија кај базенот во Аеродром. Биле инсталирани компјутери кои служеле само за маркирање. Имаше и план наводно да се пристапува до системот за следење и од објект во Пештани, некогашната полициска станица, но не знам дали тоа се реализирало, ќе одговори сведокот на прашања на обвинителката од СЈО. Трајковски во детали го опиша и стариот систем „Веринт“, но со тој модел не се слушало надвор од  од МВР освен еднаш во 2007 кога се пристапило за време на конференција на НАТО во Охрид. Трајковски истакна дека во УБК се прислушувало незаконски и дека само еднаш видел судски налог. Според, сознанијата на сведокот во периодот до 2007- до 20015- та два пати се уништувала опрема за следење комуникации, и тоа на парчиња помали од 5 сантиметри.Тв

Старите компјутери беа расходувани и складирани во магацин. Старите касетофони за репродуцирање прислушувани материјали беа однесени во РЖ „Услуги“ првин на дробење, а потоа во печка на топење, рече сведокот.

Според обвиниенито на СЈО, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а во обвинителна клупа седнаа ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков, а во бегство се пораншениот началник на петтата управа  Горан Грујовски и неговиот помошник Никола Бошкоски – Боксер, како и уште шестмина сѐ уште вработени во УБК.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.