ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Саудијците се бесни на американскиот Сенат

Saudi Crown Prince Mohammed bin Salman attends the Future Investment Initiative (FII) conference in the Saudi capital Riyadh on October 23, 2018. - Saudi Arabia is hosting the key investment summit overshadowed by the killing of critic Jamal Khashoggi that has prompted a wave of policymakers and corporate giants to withdraw. (Photo by FAYEZ NURELDINE / AFP) (Photo credit should read FAYEZ NURELDINE/AFP/Getty Images)

Саудиска Арабија ги отфрли двете резолуции на американскиот Сенат за случајот Кашоги и за воениот ангажман во Јемен. Тонот со кој реагира Ријад е повеќе од остар.

Резолуциите на американскиот Сенат за Кашоги и Јемен се засноваат брз „неосновани тврдења и обвинувања“ и претставуваат „мешање во внатрешните работи“ на Саудиска Арабија, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи. Во соопштението уште се нагласува: „Кралството го осудува најновиот став на американскиот Сенат“.

Сенаторите во Вашингтон минатата недела донесоа заклучок за запирање на американската помош во воената операција во Јемен, која е предводена од Саудиска Арабија. Меѓутоа, оваа резолуција речиси и нема шанси да се претвори во дела, поради тоа што за нејзе треба да се гласа и во Претставничкиот дом. Таму сѐ уште има задршки и нема мнозинска желба да му се контрира на толерантниот став на американскиот претседател Доналд Трамп кон саудиското раководство. Трамп аргументира, меѓу другото, со зделките за оружје на САД и Кралството, тешки милијарди долари.

Според сознанија на американските тајни служби, луѓе од блиското опкружување на принцот престолонаследник

Резолуциите на американскиот Сенат за Кашоги и Јемен се засноваат брз „неосновани тврдења и обвинувања“ и претставуваат „мешање во внатрешните работи“ на Саудиска Арабија, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи. Во соопштението уште се нагласува: „Кралството го осудува најновиот став на американскиот Сенат“.

Сенаторите во Вашингтон минатата недела донесоа заклучок за запирање на американската помош во воената операција во Јемен, која е предводена од Саудиска Арабија. Меѓутоа, оваа резолуција речиси и нема шанси да се претвори во дела, поради тоа што за нејзе треба да се гласа и во Претставничкиот дом. Таму сѐ уште има задршки и нема мнозинска желба да му се контрира на толерантниот став на американскиот претседател Доналд Трамп кон саудиското раководство. Трамп аргументира, меѓу другото, со зделките за оружје на САД и Кралството, тешки милијарди долари.

Според сознанија на американските тајни служби, луѓе од блиското опкружување на принцот престолонаследник Мохамед бин Салман учествувале во убивањето на Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, или во најмала рака – знаеле за тоа. Американскиот Сенат донесе резолуција со која Мохамед бин Салман е прогласен за „одговорен за убиството“.

Повеќе: Трамп суптилно се дистанцира од Мохамед бин Салман

Министерството за надворешни работи во Ријад нагласи дека САД се „сојузник и пријателска држава“ и дека Ријад има намера да ги „зајакнува“ односите со Вашингтон.Меѓутоа, резолуциите на американскиот Сенат се „загрижувачки“, се вели во соопштението.

учествувале во убивањето на Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, или во најмала рака – знаеле за тоа. Американскиот Сенат донесе резолуција со која Мохамед бин Салман е прогласен за „одговорен за убиството“.

Повеќе: Трамп суптилно се дистанцира од Мохамед бин Салман

Министерството за надворешни работи во Ријад нагласи дека САД се „сојузник и пријателска држава“ и дека Ријад има намера да ги „зајакнува“ односите со Вашингтон.Меѓутоа, резолуциите на американскиот Сенат се „загрижувачки“, се вели во соопштението.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.