ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Саркози е прогласен за виновен за нелегално финансирање кампања

Тој беше обвинет дека потрошил околу 22,5 милиони евра – речиси двојно од максималната законска сума – за изборите во 2012 година, на кои загуби од социјалистот Франсоа Оланд.

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е прогласен за виновен за нелегално финансирање на изборната кампања во 2012 година, пренесува index.hr.

Саркози (66), кој негираше какво било дело, не дојде во судот за време на изрекувањето на пресудата.

За што е обвинет?

Тој беше обвинет дека потрошил околу 22,5 милиони евра – речиси двојно од максималната законска сума – за неговата кампања за реизбор во 2012 година. Тој потоа ги загуби изборите од социјалистот Франсоа Оланд.

Обвинителите веруваат дека Саркози, неколку недели пред гласањето, знаел дека неговите трошоци – кои се строго ограничени според францускиот закон – се приближуваат до законскиот максимум. Тој беше обвинет за игнорирање на две белешки од неговите сметководители кои го предупредиле за проблем со парите.

Покрај Саркози, во случајот беа обвинети уште 13 негови соработници, меѓу кои и членови на неговата конзервативна републиканска партија, сметководители и шефови на групата за комуникации задолжени за организирање на собирите. Неговите помошници беа обвинети за фалсификување, нарушување на довербата, измама и учество во нелегално финансирање кампања.

Некои од нив ги признаа прекршоците и пред судот детално опишаа како го прикривале прекумерното трошење.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.