Сами ќе си ги формираат цените

Трговците една недела самите ќе ја одредуваат малопродажната цена на нафтените деривати.
Ценовни шокови нема да се случат, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
Нивните пресметки кажуваат дека доколку и денеска цените се одредуваа по старата методологија ќе имаше благо намалување кај бензините, но и минимален раст на цените на дизелот.
Новата методологија на пресметка на беше потпишана од довчерашниот претседател на држвата Иванов.
Сега се очекува тоа да го стори новиот претседател Пендаровски.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: