ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Салвадор стана првата земја во светот која го воведе биткоинот како официјална валута

Додека проектот за воведување на биткоинот како официјална валута во оваа мала земја од Централна Америка со околу 6,4 милиони жители се соочува со скептицизам од напредните економии и ММФ, некои го сметаат за револуционерен, пишува „Фајненшл тајмс“ и нагласува дека криптовалутите се попривлечни во земјите со историја на финансиска нестабилност и често стануваат алтернатива на слабите национални валути

Спротивно на предупредувањата на големите економии и финансиските регулатори, но и среде несогласувања на мнозинството од населението, Салвадор стана првата земја во светот која го воведе биткоинот како официјална валута, што аналитичарите веруваат дека може да влијае на позицијата на криптовалутата во глобалниот финансиски систем.

Од денеска Салвадор е првата земја што го прифати биткоинот како легално средство за плаќање.

Биткоинот, заедно со американскиот долар, усвоен во Салвадор во 2001 година и кој се користи како „референтна валута“, станува официјална валута на најмалата централноамериканска држава и мора да се прифати како средство плаќање кога ќе се нуди, освен ако добавувачите или примачите немаат технологија за извршување трансакции. Нема да подлежи на данок на капитална добивка, па дури може да се искористи за плаќање даноци.

Владата формираше фонд од 150 милиони долари во Развојната банка на Ел Салвадор, кој ќе се користи за претворање на биткоинот во американска валута. Сепак, како што објавува „Тајмс“, 70 проценти од населението не користи банки. Исто така, употребата на биткоинот бара пристап до интернет, а само 45% од земјата е покриена со таква мрежа.

Претседателот на Салвадор, Најиб Букеле, вети дека ќе изгради инфраструктура што ќе му овозможи на руралното население да се поврзе на интернет.

Повеќето жители на Салвадор не се согласуваат со владината одлука да го прифати биткоинот како легално средство за плаќање, а многумина не знаат како да користат дигитална валута и се недоверливи кон овој проект, покажа студијата на Централноамериканскиот универзитет.

Најмалку 67,9 проценти од 1 281 испитаник рекле дека не се согласуваат или остро се противат на употребата на биткоинот како легално средство за плаќање, додека нешто повеќе од 32 проценти од испитаниците изјавиле дека се согласуваат со тоа на одредено ниво.

Анкетата, исто така, покажа дека повеќето испитаници мислат дека главните корисници на биткоинот ќе бидат богатите, странските инвеститори, владите и бизнисмените.

Додека Салвадор се подготвува да стане првата земја во светот каде биткоинот е официјална валута, земјата регистрира поделби и скептицизам во врска со мерките што Владата ги претставува како начин за зајакнување на економскиот развој и вработување, посочува Би-би-си.

Владата, исто така, им понуди на граѓаните бесплатен дигитален паричник каде што можат да добијат 30 долари во биткоини.

Сепак, посочува Би-би-си, неодамнешните протести во главниот град Сан Салвадор покажаа недостиг на доверба кај граѓаните, од кои многумина сè уште не се запознаени со криптовалутите.

Додека проектот за воведување на биткоинот како официјална валута во оваа мала земја од Централна Америка со околу 6,4 милиони жители се соочува со скептицизам од напредните економии и ММФ, некои го сметаат за револуционерен, пишува „Фајненшл тајмс“ и нагласува дека криптовалутите се попривлечни во земјите со историја на финансиска нестабилност и често стануваат алтернатива на слабите национални валути.

„Ова треба да го сфатиме многу сериозно“,

велат експертите, нагласувајќи дека биткоинот во Салвадор ја менува позицијата на криптовалути во глобалниот финансиски систем и ја забрзува целата дебата околу дигитални валути.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.