САД ќе почне со повлекувањето на војската од Авганистан
Американската армија добила наредба да почне да планира повлекување на околу половина од војниците во Авганистан.
Според зборовите на американски функционер за одбрана, искажани во изјава за Си-Ен-Ен, планирањето е во тек, а може да бидат потребни месеци за повлекување на речиси 7.000 војници.
Одлуката била донесена во вторникот, во исто време кога и одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја повлече американската војска од Сирија – потези што ја предизвикаа оставката на секретарот за одбрана, Џејмс Матис.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: