ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

САД ќе испорачаат ловци Ф-16 во Полска, доколку Варшава испрати советски борбени авиони во Украина

САД размислуваат да испратат авиони во Полска доколку Варшава одлучи да испрати борбени авиони во Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на посетата на Молдавија.

-Сега активно го разгледуваме прашањето за авиони што Полска би можела да ги испорача на Украина и гледаме како би можеле да ги компензираме доколку Полска одлучи да ги испорача тие авиони, рече Блинкен.

„Не можам да зборувам за рокови, но можам само да кажам дека тоа го разгледуваме многу активно“, додаде тој.

Неколку американски медиуми јавуваат за можен договор меѓу САД и Полска за испорака на полски воени авиони од советската ера за Украина, во замена за американски ловци Ф-16 за Варшава.

-Работиме со Полјаците на ова прашање и се консултираме со другите сојузници на НАТО, изјави претставник на Белата куќа, цитиран од Волстрит џурнал и Ен-Би-Си.

Посетата на Блинкен на Молдавија доаѓа откако вчера тој ја посети токму Полска, членка на НАТО, во време кога Алијансата го зајакнува своето источно крило како одговор на руската инвазија на Украина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.