ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

САД: Споредбата со Нирнбершкиот процес е опасна и потпалувачка реторика

Амбасадата на САД на својата Фејсбук страница ги повика политичките лидери во земјава да не користат потпалувачка реторика со неправилна употреба за настани од минатото со која се шири став и поделба. Реакцијата е на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој судењето за крвавите настани од 27 април во пресрет на утрешната пресуда, гo спореди со Нирнбершкиот процес, серија судења од 1945 до 1949 година на политичкото, военото, судското и економското раководство на нацистичка Германија.

-Потпалувачката реторика од страна на политичките лидери предизвикува страв и поделба, особено кога неправилно се користи за настани од минатото, како што се Нирнбершките судења, за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог за насоката во која се движи земјата. Многу е важно лидерите да се вклучат во граѓански дијалог кој може да ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, се вели во реакцијата од Американската амбасада.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.