ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

САД признаа пораз од Северен тек 2

Америка располага со многу мало влијание со кое би можела да го спречи комплетирањето на Северен тек 2 проектот меѓу Русија и Германија, изјавуваат двајца високи функционери од американската администрација, признавајќи ја капитулацијата на повеќегодишните напори за спречување на соработката.

Според еден од функционерите проектот е речиси готов, а санкциите воведени во вторникот од страна на САД се премногу задоцнети за да имаат какво било влијание. Она што сега ќе се обиде да го направи САД е да воведе дополнителни давачки на други руски енергетски проекти.

Поразот е проблематичен за САД по две основи: прво дека спречувањето на проектот беше еден од главните приоритети на администрацијата на Трамп, и второ дека покажува дека европските сојузници на САД како Германија станале непопустливи кон американските притисоци за напуштање на проектот.

За време на посетата на Полска, Помпео порача дека проектот Северен тек 2 „им носи пари на Русите на начин кој ја поткопува европската национална безбедност“.

Германија ги одби обидите за попречување на проектот, порачувајќи дека „европската енергетска политика мора да биде одлучувана во Европа, а не во САД.

Главниот проблем на САД е што со активирањето на овој гасовод, Германија само ја зголемува својата зависност од руски гас, додека истовремено го полни рускиот буџет со свежи пари.

Инаку, со новите санкции ќе се пенализираат компаниите кои учествуваат во изградбата на проектот, како Газпром, како и нивните директори. Во пракса ова ќе значи дека на луѓето може да им биде одбиено барањето на американска виза и трансакции кон нивен имот во САД.

Пуштањето на Северен тек 2 најверојатно ќе се случи меѓу април и јуни 2020.

Северен тек 2 е 1230 километри долг подводен гасовод кој директно ќе носи природен гас од Русија до европската мрежа. Со него за два пати се зголемува капацитетот на испорака. Проектот е  во сопственост на Газпром, а Шел и уште четири други инвеститори ќе платат половина од 9,5 милијарди евра потребни за негова изградба.

До крајот на октомври 87% од поврзувањето беше готово.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.