ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

САД започнаа со повлекување од Сирија

Коалицијата предводена од САД започна со повлекување на војниците од Сирија.

„Започна процесот на нашето повлекување од Сирија“, кажа полковникот Шон Рајан, портпарол на коалицијата предводена од САД која се бори против групата Исламска држава. „Заради оперативна безбедност, нема да разговараме за конкретни временски рокови, локации или за движење на војниците“.

Претходно неделава, советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон повика на заштита на курдската паравојска како предуслов за повлекување на американските сили од Сирија. Ова предизвика жестока реакција од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој одби да се сретне со Болтон.

Курдската паравојска е клучен американски сојузник во борбата против Исламската држава, но Анкара смета дека станува збор за терористичка група која има врска со немирите во Турција.

САД се вклучија во војната во Сирија во 2014-та година, со пристигнувањето на елитните трупи кои започнаа со обука и советување на курдските борци кои се бореа против Исламска држава.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.