САД го повикаа Косово да ги укине таксите кон Србија
Соединетите Држави го повикаа Косово веднаш да ја суспендира тарифата од 100 отсто за увезената српска стока, предупредувајќи дека во спротивно ќе има”последици” во нејзините односи со Вашингтон.
Косово го воведе данокот за увоз на српски стоки во ноември, во знак на одмазда за како што ги нарекоа, обидите на Белград да ја поткопа нивната државотворност.
И Европската унија и Вашингтон апелираат Косово да ги укине таксите што ги затегна меѓународните напори за посредување во договорот меѓу Косово и Србија.
“Го повторуваме нашето мислење дека итна суспензија на тарифата за увоз од Србијае една неопходна мерка за враќање на динамиката на дијалогот меѓу двете страни”, соопшти американската амбасада во Приштина.
Косово и Србија се во преговори за нормализирање на односите од 2011 година, а процесот е со посредство на ЕУ.