ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рускоска: Кој има докази за криминал против мене нека ги пријави во МВР

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава за  „360 Степени“ ги повика оние што имаат докази за некаков криминал да ја пријават во полиција, откако Бојан Јовановски-Боки 13 на денешното рочиште за „Рекет“ ја обвини дека е вмешана во корупција тешка 4 милиони евра.

Тој во судницата рече дека за таквото тврдење поседува несоборливи докази и најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа, но и уште против 18 лица. Додека тој го зборуваше ова, Вилма Русковска не беше во судницата, исто како и на претходните две рочишта. Обвинението на нејзино место го застапува Гордана Смаќоска.

-Ги охрабрувам сите што имаат нешто да пријават тоа да го сторат и заедно со сите докази што ги поседуваат да ги достават до МВР, вели Русковска за „360 Степени“.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дукоски, пак, не сакаше да ги коментира наводите на неговиот клиент за наводната корупција од 4 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.