Рускоска: Интерпол одбива да ја објави потерницата за Груевски
Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кажа дека Интерпол повеќе од 2 месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за Никола Груевски и за бегалецот во Солун, Никола Бошкоски. Двајцата се осомничени како организатори на настаните во Собранието, во 2017 година.
-За предметот кој го водам за организаторите на настаните од 27 април, побарав преку полиција да се издаде домашна и меѓународна потерница, но последните информации од Интерпол Македонија, е дека седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата. Не даваат образложение, зошто одбиваат и за Груевски и за Никола Бошковски.За пет лица за кои имаме докази, решенија и друго во Интерпол без проблеми без проблеми беа објавени потерници, но за овие двајца одбиваат, а за ист предмет се работи. Не знам зошто одбиваат. Документацијата е испратена пред повеќе од два месеци, изјави Рускоска.