ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рускоска до судиите кои ја пуштија Јанева: Од гаќи ќе ве истресам

Од гаќи ќе ве истресам со финансиска истрага, оваа порака од Вилма Рускоска синоќа ја добил апелациониот судија Јани Нича , откако беше одлучено престојот на Катица Јанева во Шутка, да биде заменет со куќен притвор, во станот на нејзиниот син Лазар. Токму заканувачката порака кон судијата, беше причина Апелација да ја пријави Рускоска во полиција.

-Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите, му Рускоска на Нича.

Дека била испратена порака со заканувачка содржина шпекулации се појавија уште синоќа, а таквите информации уште пред да биде објавено соопштението на Апелација, ги потврди и портпаролот на судот, Сафет Кадрии.

-Таа СМС порака што ја слушнавме во јавноста ќе биде предмет. Ние имавме како кривичен оддел колегиум. Од тој колегиум произлезе дека треба за јавноста да се пушти соопштение, изјави Кадрии.

Од Обвинителството пак велат дека нема да се мешаат во работата на судот, но со оправдувачки тон за Рускоска, велат реакцијата треба да се сфати како израз на моментална разочараност по донесената одлука.

Во заградата каде што се наоѓаат и Апелациониот суд и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од вчера како да се расипа добриот однос. Имено, обвинителката Вилма Рускоска упати заканувачка порака кон судиите, кои пак решија поради тоа да ја пријават во полиција.

По заканувачката порака кон судиите, се огласи и адвокатката Ирена Фрчкоска која е застапник на Јанева: Рускоска ги притискала судиите.

ТЕЛОП ИРЕНА ФРЧКОСКА (АДВОКАТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА): Останавме зачудени од ваквата реакција и сметаме дека е непримерна, недозволена и еден вид на притисок врз судиите, особено што испраќа лоша порака кон сите судии дека отворањето на финансиска истрага имплицира некаква можна корумпираност, што сметам дека е апсолутно недозволиво и ги оневозможува судиите објективно и непристрастно да ги носат своите одлуки.

Апелацискиот суд не ја прифати гаранцијата на Јанева, а ја пушти во домашен притвор. Само пред еден месец истиот суд одлучи да ја задржи во притвор поради опасност од бегство. Во изминативе две години осуммина кои се соочија со кривична одговорност избегаа од државата. За ниту еден од нив нема одговорност, ниту санкции.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.