ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Русковска: Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“, а Јанева влезе во филм дека никој ништо не и може!

„Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“, а имаше и една Катица Јанева која влезе во филмот дека никој не и може ништо. Потоа влезе во мрежата на естрадната ѕвезда Боки 13. Многумина ќе речат дека тоа го направила од наивностт, но не е така. Тоа го направила од алчност и тоа ќе го докажеме“.

Вака својот воведен говор го почна обвинителката Вилма Русковска на денешното судење за случајот „Рекет“.

-Не само што ја злоупотребила службената позиција, туку ја злоупотреби и довербата на народот, а ја посрамоти и јавнообвинителската функција. Свесно и со умисла на Јовановски му изнесувала детали од предистрагата која е тајна за да може од осомничените да бара огромни суми на пари, а тие да завршат со условни казни или како заштитени сведоци, рече Русковска.

Таа додаде дека ќе се докаже дека обвинетите сами барале пари од бизнисменот Орце Камчев.

-Може некои велат дека Јордан Камчев и Ана Камчева први молеле за помош, ама не е така. Јовановски стапил во контакт со Ана, за што ќе сведочи самата. Ќе сведочат и други бизнисмени за тоа колку пари им барале. Нивните сведочења нема да ве остават рамнодушни, како што не ме оставија ниту мене, рече обвинителката.

Таа додаде и дека обвинетиот Зоран Милевски му се правел како брат на Камчев, ама си ги зел парите.

-Кичеец ќе слушнете дека сакал да му помогне на Камчев, бидејќи му бил како брат, ама не занборавил да ја земе торбата со еден милион евра. И за брат многу е! Жртви не се бизнисмените од кои биле барани пари, туку жртви се сите граѓани, рече Русковска.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.