ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Руски воени авиони слетаа во Венецуела

Контингент со руски специјалци и со 35 тони борбена опрема пристигна викендов во венецуелскиот главен град Карaкас. Аналитичарите оценуваат дека испраќањето на руски воени трупи и опрема во Венецуела јасно укажува дека шефот на Руската федерација, Владимир Путин нема да ја дозволи најавената американска интервенција против претседателот Николас Мадуро и тоа да заврши како нападите во Југославија, Ирак, Либија…Два руски авиони, познати по тоа што пренесуваат воена опрема, слетаа во саботата на централниот аеродром во Венецуела со високорангирани офицери и околу 100 војници.

Оваа акција, како што велат експертите, претставува јасна и остра порака на Путин дека ќе и помогне на Венецуела и на нејзиниот претседател Николас Мадуро во случај ако се случи најавуваниот американски напад.

– „Со ова Путин нагласува дека Венецуела е сојузник на Русија и дека нема да се откаже од ова „укотвување“.“ – изјавија Воени аналитичари.

Властите на Венецуела и руската амбасада во Каракас одбија да коментираат иако вестите за пристигнување на воени авиони се емитуваа на венецуелските медиуми.

Ова се случува три месеци откако двете земји спроведоа воени вежби на територијата на Венецуела, што Николас Мадуро ги опиша како знак за зајакнување на односите меѓу двете земји, но Вашингтон тоа го критикуваше како руска интервенција во регионот. Москва силно се спротивстави на одлуката на САД да наметне санкции за режимот на Мадуро и да го признае лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Истовремено, пак, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака промена на режимот и обнова на демократијата, но Москва, долгогодишен партнер на властите во Венецуела, на загрозениот режим на Мадуро му дава дипломатска, економска и воена поддршка.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.