ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рускиот Парламент го одобри суспендирањето на договорот ИНФ

Горниот дом на рускиот Парламент гласаше за поддршка на декретот на претседателот Владимир Путин за суспендирање на учеството на земјата во Договорот за нуклеарните сили на среден дострел (ИНФ) од 1987 година. Пред осум дена декретот го поддржа и долниот дом на Парламентот.

Во февруари, САД го прекинаа своето учество во договорот, при што Вашингтон и неговите сојузници ја обвинија Русија за распоредување на ракетен систем кој ги прекршува одредбите. Москва ги обвини САД за кршење на договорот, што беше негирано од Вашингтон.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.