ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 Е НА НИВО НА „ФАЈЗЕР“ И „МОДЕРНА“, ВЕЛАТ НАЈНОВИТЕ РЕЗУЛТАТИ

Руската вакцина „спутник“ дава 92-процентна заштита од ковид-19, велат резултатите од завршната фаза на тестирањето, што беа објавени во стручниот магазин „Лансет“. Таа е оценета како безбедна, нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт од ковид-19 и нема значајни несакани ефекти.

Пошироката јавност во почетокот беше скептична кон вакцината откако таа почна да се употребува во Русија пред да бидат завршени клиничките тестирања. Таа сега влезе во рангот на вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „АстраЗенека“.

„Спутник“ делува слично како вакцината развиена од Оксфорд и „АстраЗенека“ и содржи тип на безопасен, мртов вирус, кој внесува делче од коронавирусот во телото. За разлика од останатите вакцини, „спутник“ користи две различни верзии за првата и втората доза, кои се даваат во рок од 21 ден. Идејата е дека на овој начин имунолошкиот систем се засилува уште повеќе отколку кога двапати би се користела иста верзија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.