ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Русија ќе ја тестира сопствената интернет независност

Во скоро време и веројатно пред април, Русија ќе има еден кус тест за интернет независност. Државата накратко ќе се исклучи од глобалниот интернет.

Ова е дел од сајбер одбранбена вежба која треба да биде показател кој ќе покаже колку државата е подготвена за ваков вид на војна. Дополнително, во Русија веќе е во подготовка предлог законско решение со технички барања за независно функционирање, јави BBC.

Овој тест ќе обезбеди дека целиот интернет сообраќај кој е неопходен за работа ќе биде низ руска инфраструктура. Односно во случај на сајбер напад, клучните системи ќе продолжат да работат без прекин иако мрежата е исклучена.

Тестот е наменет и за проверка на подготвеноста на руските телеком оператори за поднесување на товарот од целиот сообраќај.

Предлог законот предвидува и инсталирање на сè што е технички неопходно за пренасочување на целокупниот интернет сообраќај преку руска мрежа. Операторите го поддржаа законот, но стравуваат од високата цена. Проценката е дека независната инфраструктура ќе ги чини повеќе од 1,6милијарди евра годишно.

Опозицијата во Русија смета дека целиот тест е непотребен, додавајќи дека исклучувањето е нелогично.

„Исклучувањето на Русија од глобалниот интернет ќе значи дека веќе сме во војна со сите. Во оваа ситуација би требале да почнеме да размислуваме како да одгледуваме компир во нуклеарна зима, а не што ќе правиме со интернетот“, вели Филип Кулин, руски интернет експерт.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.