Русија тврди дека спречила диверзантски упад на границата со Украина
Руската војска денеска соопшти дека војници и граничари спречиле група за „диверзивно извидување“ да ја пробие руската граница од украинска територија и дека пет лица се убиени, јавија француските медиуми.
Украина го отфрли извештајот, нарекувајќи го лажни вести, и рече дека немало присутни украински сили во регионот Ростов каде што се тврди дека се случил инцидентот.
Руската војска додаде дека се уништени украински вооружени возила. Инцидентот се случил во момент на екстремна тензија меѓу двете земји.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: