ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Русија поднесе барање за одобрување на вакцината „Спутник V“ во Европа

Главни странски производители на вакцината „Спутник V“ ќе бидат Индија и Јужна Кореја, а можеби и Германија. Една доза на вакцината „Спутник V“ на странскиот пазар ќе чини околу 8 евра. Притоа цената на американскиот препарат на производителот Moderna ќе биде 20-30 евра, а цената на вакцината Pfizer 16 евра.

Рускиот фонд за директни инвестиции поднесе барање до Европската медицинска асоцијација за одобрување на вакцината против коронавирус „Спутник V“. Ова за тв-каналот „Русија 24“ го соопшти директорот на фондот Кирил Дмитриев, пренесуваат медиумите.

Тој допушта можност руската вакцина да се произведува во Германија. „Подетални планови ќе објавиме кон крајот на декември-почетокот на јануари“, прецизира тој.

Се наведува дека главни странски производители на вакцината „Спутник V“ ќе бидат Индија и Јужна Кореја со 300 и 150 милиони дози.

На 24 ноември Рускиот фонд за директни инвестиции соопшти дека една доза на вакцината „Спутник V“ на странскиот пазар ќе чини најмногу 10 долари (8,5 евра или 760 рубли). Притоа цената на американскиот препарат на производителот Moderna ќе биде 25-37 долари, а цената на вакцината Pfizer 19,5 долари.

Претседателот на РФ Владимир Путин на 11 август објави дека руската вакцина „Спутник V“ е регистрирана како прва вакцина против COVID-19 на светот. Ја изработи Центарот за епидемиологија и микробиологија „Н. Гамалеја“. До денес во Русија е регистрирана и вакцината против коронавирус „ЕпиВакКорона“ од центарот „Вектор“. Покрај тоа, центарот „Чумаков“ работи на трета руска вакцина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.