РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА ЗАРОБЕНИЦИ ЗА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ПЕТГОДИШНИОТ КОНФЛИКТ
Русија и Украина ја спроведоа последната фаза од размената на заробеници, што треба да стави крај на пет години долгиот воен конфликт. Оваа размена беше договорена на состанокот Путин-Зеленски во Париз овој месец и треба да ги подобри односите помеѓу двете земји.
Како што претходно беше соопштено, Украина требаше да предаде 87 сепаратисти, а за возврат ќе добие 55 борци. Размената беше спроведена на контролна точка во близина на индустрискиот град Горливка во регионот на Донецк.
Односите помеѓу двете земји се заострија во 2014 година откако Русија го анектираше полуостровот Крим, по што бунтовници поддржани од Москва почнаа воени дејствија во источна Украина. Повеќе од 13.000 луѓе загинаа во овој конфликт.