ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рохани се надева дека Борис Џонсон ќе ги олесни тензиите со Иран

Упатеноста на новиот британски премиер Борис Џонсон во проблемот со Иран ќе помогне за подобрување на односите меѓу Исламската република и Велика Британија, изјави во неделата иранскиот претседател Хасан Рохани, пренесува „Брејтбарт“.

Во пораката објавена на официјалната веб-страница на иранското претседателство, Рохани му го честита назначувањето на Џонсон и ги истакна своите надежи за подобри односи во иднина:

„Во името на Бога, Ваша Екселенцијо г-дин Борис Џонсон, Премиер на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, би сакал да ѝ честитам на Вашата Екселенција за изборот за премиер .

Се надевам дека упатеноста на Вашата Екселенција во односите меѓу Иран и Обединетото Кралство и вашата единствена посета на Техеран во голема мера ќе придонесат за отстранување на постојните пречки на патот на развојот на односите меѓу двете земји и дека ќе бидеме сведоци на понатамошно продлабочување на билатералните и мултилатералните односи за време на вашиот мандат како премиер.“

Тензиите меѓу Лондон и Техеран се зголемени откако иранските командоси го зазедоа нафтениот танкер „Стена имперо“ во теснецот Ормуз на 19 јули, две недели откако маринците на британската кралска морнарица заробија ирански танкер за нафта во близина на Гибралтар, обвинувајќи го за кршење на санкциите за Сирија.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.