ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рохани: Европските војници на Блискиот исток би можеле да бидат во опасност

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди денес дека европските војници распоредени на Блискиот Исток „можат да бидат во опасност”, откако е започнат механизмот за решавање спорови, предвиден со нуклеарниот договор во 2015 година.

Три европски земји што го потпишаа меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма – Франција, Велика Британија и Германија – започнаа механизам за решавање на спорови предвиден со нуклеарниот договор од 2015 година, за да го присилат Техеран да се врати на почитување на своите обврски.

Ова е првпат Рохани да ѝ се заканува на Европа по ескалацијата на тензиите меѓу Иран и САД.

Првите проблеми во врска со почитувањето договорот од страна на Техеран се појавија кога САД под администрацијата на Трамп се повлекоа од нуклеарниот договор во мај 2018 година и ги вратија санкциите над Иран.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.