ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

РКЕ со ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за ново поевтинување на нафтените деривати во нашата земја

Малопродажната цена на горивата од вечерва на полноќ повторно ќе биде намалена, одлучи РКЕ. Регулаторната комисија, во согласност со нивната методологија за одредување на цените на нафтените деривати, одлучи да ја намали цената во просек за 2,93 проценти во однос на минатата недела.

Според новата одлука, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар по литар гориво. Од друга страна, цената за Еуродизел се намалува за 1,50 денар. Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 од вечерва на полноќ ќе се точи за 58,50 денари од литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 60,50 денари, додека пак Еуродизелот ќе се продава за 49 денари по литар наточено гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,950%, односно кај
дизелот намалување во просек за околу 9,99%.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.