РКЕ се уште ја крои новата цена на струјата, евтината тарифа останува

Регулаторна се уште ја крои новата цена на електрична енергија , информацијата која што се чека за да се знае за колку ќе се зголемаат сметките за струја од летово ќе зависи од цената што државни електрани ќе ја дадат кон ЕВН.
Регулаторна се уште ги разгледува барањата на енергетските компании, но новата цена најмногу ќе зависи и од цената за произведена струја која ЕСМ ќе ја понуди на тендерот на ЕВН ХОУМ, кој треба да биде објавен веќе в понеделник.
Цената не се открива се до објавување на тендерот, но од Владата тврдат дека нема да има поскапување, а граѓаните ќе имаат и дополнително олеснување со оглед на тоа што од 1 јули се намалува и ДДВ-то од 18 на 5%.
Иако барањата се разгледуваат, според првичните анализи на РКЕ ако се прифатат барањата на компаниите – трошоците кои ги имаат домаќинствата сега за сметки од 1 000 денари, ќе се зголемат за 50 денари.
Новата цена на струјата се уште се крои, но она што е познато е дека укинување на евтината тарифа нема да има… Такво барање енергетските компании досега не доставиле, но и кога би го имало Регулаторната комисија за енергетика тоа нема да го дозволи…
„Во време кога домаќинствата економски се консолидираа од последиците од Ковид – 19, евтината тарифа се покажа како опција која граѓаните максимално ја користат. РКЕ не отстапува и ќе ги заштити граѓаните оваа форма на субвенција да трае и во новиот регулиран период.“ истакнаа од РКЕ
Новата цена на струјата ќе важи од први август годинава. Лани по барање на државните енергетски компании – сметките за струја поскапеа за 7,4%.