РКЕ: Протестот на ВМРО ДПМНЕ е притисок врз нашата работа
РКЕ со писмо до европските институции и амбасадите: Протестот на ВМРО ДПМНЕ е притисок врз нашата работа
Протестот организиран од страна на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која бара укинување на одлуката е директен притисок врз нашата работа, се пожали Регулаторната комисија за енергетика во писмо испратено до Секретаријатот на енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава.
Од регулаторната во писмото инфомираат дека по одлуката за зголемување на цената на струјата има повремени протести кои ги сметаат за легитимни, но за вчерашниот протест велат е притисок врз нив.
„Како претседател на Регулаторната комисија за енергетика сакам да ве уверам дека Регулаторната комисија за енергетика е секогаш спремна за дијалог со сите заинтересирани страни, но секогаш ќе биде независна во своето одлучување и никогаш нема да потклекне под различни притисоци и влијанија. Истовремено, со донесената одлука се обезбедува непречено функционирање на електроенергетскиот систем – сигурност, стабилност и доверливост во испораката на електрична енергија што е од особено значење токму во пресрет на зимскиот период, пишува претседателот на регулаторна, марко бислимовски во писмото. Опозициската партијата од протестот вчера побара укинување на одлуката за поскапа струја, како и разрешување на бислимовски од функцијата.