РКЕ: Во следните две недели да нема исклучување од струја, вода и парно
Компаниите од енергетскиот сектор да се воздржат од исклучување на корисниците од струја, парно или вода поради неплатени сметки, порачаа денеска од Регулаторната комисија за енергетика. Оваа препорака регулаторот бара да се почитува во следните две недели. Целта, како што велат регулаторите е да се покаже малку хуманост поради корона вирусот.
Во оваа вонредна состојба, кога на граѓаните треба да им биде здравјето пред сè мора да се почитуваат и потрошувачките права на граѓаните, а со тоа и препораките на Владата за превенција од ширење на вирусот, велат од регулаторна.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: