Рикер во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата
Не е време за тактизирање и игри, законот за ЈО мора да биде донесен. Американскиот помошник државен секретар за Европа Евроазија Филип Рикер на заедничката пресконференција со премиерот Заев со директна порака и до власта и опозицијата.
Порача никој не смее да биде над законот, и секој кој што се огрешил пред него мора да одговара. Предлог законското решение за ЈО пак го оцени како добро а на опозициската ВМРО -ДПМНЕ и порача дека мора да покажат конструктивност и да не го кочат процесот во донесувањето на законот.
Премиерот Заев пак исто така посочи дека очекува законот да биде донесен до истекот на мандатот на СЈО зашто во спротивно како што рече, ќе мора да се користат други методи иако не откри за какви станува збор.
Законот за ЈО беше една од главните теми на високиот американски претставник Рикер и со останатите претставници на државниот врв, шефот на државата Пендаровски, собранискиот спикер Џафери, како и пратениците во законодавниот дом и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Посетата на Рикер следува откако вчера ден претходно во посета на Скопје беше и еврокомесарот Хан.