ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рекордни 1797 новозаболени во Словенија,Владата со апел:Останете дома

Во Словенија, 1.797 нови случаи на инфекција со коронавирус се потврдени на 6.710 тестови во последните 24 часа, објави денеска портпаролот на словенечката влада за ковид-19, Јелко Кацин.

Изменетиот протокол за тестирање се применува од средата, што значи дека лекарите од примарната здравствена заштита повеќе не ги упатуваат на тестирање оние кои покажуваат знаци на болест и имаат поблаги симптоми, туку само на оние со потешки форми на болеста, вработените во здравствената заштита и во домовите за стари лица.

„Дајте свој придонес за запирање на вирусот и останете дома“, рече портпаролот Кацин во пораката на Твитер.

Специјалистот за инфективни болести Марио Фафангел од Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) изјави дека поради промените во моделот на тестирање, тешко е да се зборува за опаѓачки тренд или раст на инфекцијата , но дека расте бројот на хоспитализации.

Шефот на владиниот експертски тим за ковид-19, Бојана Беовиќ, синоќа за Словенска телевизија изјави дека некои податоци даваат надеж дека воведените ригорозни мерки за спречување на епидемијата започнале да даваат резултати, но дека треба да се биде внимателен и дека тоа може да бидат „статистички осцилации“,а мерките сè уште мора да останат на сила и да ги применуваат сите.

„Предвидуваме дека усвоените ригорозни мерки ќе останат на сила околу еден месец, односно две возрасти на инкубација на вирусот“, рече Беовиќ, додавајќи дека после тоа, мерките што се однесуваат на образовниот процес ќе бидат олабавени.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.