ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Резолуцијата на ВМРО за преговорите со Бугарија доби поддршка од скоро сите парламентарни партии

СДСМ ја прифати и ќе ја поддржи во Собранието предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за поставување црвени линии во преговорите со Бугарија. Според партијата на Заев, идентитетските прашања се заштитени, но оти тие сепак се подготвени да ѝ го докажат тоа и на опозицијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги продолжија средбите со другите партии во Собранието за да обезбедат поддршка.

И некои од помалите партии ја потврдија својата поддршка.

По ваквиот позитивен став на мнозинството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изрази задоволство што е обезбедена поддршка, но нагласи дека ако СДСМ не си го одржи својот збор, тоа ќе ѝ нанесе штета на државата. Резолуцијата е подготвена во соработка со МАНУ, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Македонската православна црква. Таа предвидува преговорите да бидат без условувања, да се зачува достоинството на македонскиот народ, македонскиот јазик и идентитет.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.