Редици пред агенцијата за вработување, голем број на работници добија откази поради кризата со коронавирусот
Редици пред Агенцијата за вработување. Со документи во рака граѓани кои деновиве добиле отказ од фирмата во која досега работеле чекаат да влезат во Агенцијата за вработување за повторно да се пријават како невработени. Гневни и на целата состојба, но и на нивните досегашни газди за кои неуморно работеле велат, дека сега не знаат што ќе прават. Правдата не знаат како да ја бараат, велат кого да тужиме ?
„Од обезбедување Перпетум. Ми рекоа да дојдам во биро и да земам минималец 14 илјади и 500 денари. Кого да тужам? Треба пари да давам, дали јас, дали кој било друг, треба пари да давам по адвокати. Од каде?
Тие што чекаа пред Агенцијата, со надеж дека ќе ја добиваат ветената помош, оние пак што излегоа оттаму, разочарани, велат дека ги одбиле со образложение дека не им следувало.“
„Не отпуштија, да. Сите сме отпуштени“
Каде работевте?
„Во хотел“
„Еве сега размислуваме што да правиме не ни следи од никаде никакви приходи и тоа е тоа. Дома сме сите фамилијарно, никој не е вработен.
Не, не ни даваат, затоа што сме биле на неопределено време, договорите ни биле на работа, морала фирмата да прогласи технолошки вишок. Така ни кажаа. И сега за нас во моментот нема ништо. Што ќе тужиш? Кого ќе тужиш? Држава?“.
Некои од нив и со разбирање за нивните газди, а им било ветено и дека ќе ги вратат на работа кога ќе заврши кризата.
„Не потпишавме ништо. Само ни го дадоа договорот и тоа е тоа. Ливче дека сме одјавени од завод за вработување и толку. Ние сме од 15 март отпуштени, со тоа што од каде да ми дадат тие пари, нула денари е прометот. Реалноста е таа, јас можам да ги разберам потполно“.
Ја контактиравме директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска за тоа колку во изминативе денови има пријавени работници кои добиле откази и за колкав процент има пораст невработеноста. На одговорот испратен по меил нема точен податок за тоа колкав е порастот туку ни пратија линк на Агенцијата каде се евидентира состојбата на невработеноста, но податоците беа до месец март.
„Следејќи ги насоки на Владата за спречување на ширење на вирусот Ковид 19, почнувајќи од 11 март, редовното пријавување на невработените лица е запрено. Во овој период како невработени лица се пријавуваат оние лица кои се првпат сакаат да бидат евидентирани како невработени лица и оние на кои им престанал работниот однос во изминатиот период и сакаат да поднесат барање за остварување право на паричен надоместок“, вели Јовановска.
Од Угостителската комора вчера излегоа со изјава во која велат дека нема да ги користат владините мерки дека ќе ги отпуштат вработени и порачаа државата да се грижи за нив. Во истовреме, пак директорот на трудовиот инспекторат Алајдин Хавзиу само им порача на работниците да не потпишуваат откази. Владата претходно тврдеше дека со помош од минимална плата ќе ги зачуваат работните места на 250 илјади работници.