Регистрирани 219 нови случаи на Ковид-19, а починати се 4 лица
Министерството за здравство информирaше дека во последните 24 часа се регистрирани 219 нови случаи на Ковид-19 и тоа по 65 во Скопје и Тетово, 20 во Куманово, 19 во Гостивар, седум во Струмица, 6 во Кичево, по четири во Битола, Струга, Берово и Виница, по три во Прилеп и Кочани, по два нови случаи се регистрирани во Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар. По еден нов случај е регистриран во Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево.
Оттаму велат дека пријавени се четири починати лица, две од Скопје на 61 и 66 години, едно лице од Тетово на 76 години и едно лице од Кичево на 76 години, а сите четири лица починале во болнички услови.
Оздравени се 30 пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955“, се вели во соопштението на министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19, а во Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања.