ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Реакции од Берлин: Обвиненијата против Тачи и Весели „позитивен сигнал“ за Косово

Од Германија се поздравува подигнувањето на обвинение против Хашим Тачи, Кадри Весели и други лица, зашто, како што се нагласува, „помирувањето може да функционира само ако бидат казнети сите воени злосторства“.Секому треба да му е јасно дека на обвинителна клупа не е ОВК, туку поединци кои во тоа време биле на водечки функции во ОВК“, изајви за ДВ пратеникот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Петер Бејер, член на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг. Коментирајќи го обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весели и останатите осум лица, Бејер категорично нагласува дека „постигнатите заслуги на самата ОВК не се спорни“.

Бејер нагласува дека „косовскиот народ тоа би требало да го гледа како позитивен сигнал дека земјата тргнува во правец на функционална правна држава“.

„Помирувањето е многу важен елемент во обработката на военото минато, а тоа може да функционира само ако воените злосторства – без оглед на тоа кој ги извршил – бидат обелоденети и правно процесирани, односно казнети“, заклучува Бејер.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.