Реакции на оставката на британската премиерка Тереза Меј
Велика Британија
Борис Џонсон, најистакнатиот кандидат за нејзин наследник на премиерската функција, оставката ја проследи со изјавата: „Време е да се спроведе брегзит“.
„ Многу достоинствена изјава од Тереза Меј. Ви благодариме на вашите стоички услуги за нашата земја и Конзервативната партија. Сега е време да гo послушаме (вашиот) повиk: да се соединиме и да го спроведем брегзит“ напиша Џонсон на Твитер, поранешniot министер за надворешни работи.
Европска комисија
„Ништо“ не се менува за 27-мината, изјави Европската комисија. „Ќе го почитуваме новиот (британски) премиер, но ништо нема да се промени. Нашата позиција е содржана во Договорот за разделување и во Декларацијата за идниte односи“, објави портпаролката на ЕУ, Мина Андреева.
Шпанија
„Речиси е невозможно“ да се запре тврд брегзит по оставката на Тереза Меј, смета шпанската влада. „Британската влада, британскиот парламент единствено се одговорни за излез без договор и за неговите последици“, рече портпаролката на шпанската влада.
Франција
Неопходно е да се даде „брзо објаснување“ за брегзит, рече францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја поздрави „храбрата работа“ на премиерката Меј.
Оставката на британската премиерка „исто така треба да нè потсети, на важниот избор во овој момент, гласовите со кои нешто се отфрла, а не се нуди алтернатива, водата во пат позиција“, рече Макрон алудирајќи на актуелните избори за Европскиот парламент.
Германија
„Ја почитувам“ оставката на британската премиерка, рече нејзината германска колешка, канцеларката Ангела Меркел.
„Генерално (канцеларката) сака германската влада да продолжи тесно да соработува со британската влада, и така ќе биде“, рече портпаролката на канцеларката Меркел. Таа одби да коментира за последиците од нејзината оставка за брегзит.
Русија
Мандатот на британската премиерка се одвиваше во „многу сложен период“ за односите меѓу Велика Британија и Русија, оцени Кремљ, додавајќи дека „внимателно“ ја следи ситуацијата по нејзината оставка. „За жал, не можам да се сетам на никаков придонес за развојот на билатералните односи меѓу Русија и Велика Британија. Попрво би рекол дека се случи токму спротивното“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Ирска
Европската унија нема да понуди подобар договор за брегзит на следниот британски премиер, изјави ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковени, а премиерот Лео Варадкар оцени дека изборот на нов британски премиер може да доведе до нова „за Ирска, многу опасна“ фаза на преговори за брегзит