ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Реакции и критики за изборот на Абази за прв човек на ОЈО ГОКК

Бура од реакциите околу изборот на првиот човек на ОЈО за Гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази откако и денеска Блупринт групата за реформи во правосудството излезе со став дека за нив процесот на избор не бил доволно транспарентен.

– Процесот на избор беше не доволно транспарентен за четирите кандидати – недостасуваат податоци за професионална кариера. Јавноста а посебно стручната јавност немаше можност да се запознае со предлог програмата за кандидатите  што би влеало доверба во процесот а би влијаело на довербата на институциите.

За судијката Маргарита Цаца Николовска пак зачудувачки е фактот што на конкурсот не се пријавуваат луѓе со големо искуство а како што посочи во гостување на ТВ 24 не спорен е изборот од страна на фелата .

Академик Владо Камбовски пак не го коментира изборот но порачува новиот обвинител да се држи до законите бидејќи повикувајќи се на претходни случаи како што посочи доаѓа време на политичка но и казнена и кривична  одговорност.

Поранешната пратеничка и аналитичарка Ѓулистана марковска пак исто така во гостување на ТВ 24 смета дека ЈО е под целосна капа на власта.

Меѓу случаите за кои ќе треба да решава новиот шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази ќе биде и случајот за Беса транс а со тоа и за неговиот дедо, Руфат Хусеини татко на неговата сопруга кој пак бил надлежен да издава дозвола автобусите на Беса транс да може да влегуваат во домашен и меѓународен сообраќај.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.