Реакции во Србија по владината одлука прес конференциите да се одржуваат без новинари Реакции во Србија по владината одлука прес конференциите да се одржуваат без новинари
Белград, 11 април 2020 () – По одлуката на владата прес конференциите на кризниот штаб да се одржуваат без присуство на новинари, во Србија се разви полемика околу поводот за нејзиното донесување, јави дописникот на од Белград. Владата соопшти дека новинарите од денес на редовните прес-конференции на лекарите за состојбата со епидемијата со коронавирус ќе поставуваат прашања преку маил, поради „растечката загриженост кај новинарите, снимателите и фоторепортерите за нивното здравје, и по поплаките за загрозеност на прес-конференциите на претседателот Александар Вучиќ и членовите на владата, како и експертите “. Здружението на новинари на Србија (УНС) веднаш ја повика владата повторна да ја разгледа одлуката, од причина што прес-конференциите служат да се намали стравот кај граѓаните и дека е клучно новинарите да поставуваат прашања и потпрашања директно на експертите и со тоа да добиваат информации до кои поинаку не би можеле да дојдат. -УНС бара да им се дозволи на новинарите да поставуваат прашања од нивните редакции преку видео линк или интернет, се додава во соопштението на ова здружение. Во заедничкото соопштение на други шест новинарски здруженија се наведува дека „непостои ниту една причина во моментот кога главните епидемиолози најавуваат решавачки и важни денови за српските граѓани, владата да ги ограничи директните прашања до стручњаците.“ -Потполно е апсурдно лекарите кои треба да се борат прротив вирусот да седат и пишуваат одговори на прашања и истите да се читаат на конференции без новинари, со објаснување дека станува збор за заштита на здравјето на новинарите, се вели во соопштението, во кое се предупредува на можноста од злоупотреба на прашањата. Во полемиката се вклучи и ТВ Н1 со оценка дека одлуката преставува „кампања против независните медиуми, бидејќи власта и таблодите говорат исто“, посочувајќи на новинарско прашање што ја покрена медиумската машинирија на власта. -Легитимното прашање за тоа дали претседателот на Србија, откако објави дека неговиот син бил заразен со коронавирус, бил тестиран, и дали, како и сите останати ќе оди во изолација, провладиниот ТВ Пинк на вчерашната прес конференција го виде вака: „Медиумите со тајкунски предзнак не се заинтересирани за борба со коронавирусот, туку за елиминирање на Александар Вучиќ од политичкиот живот. И додека јавноста чека секој ден струката да ги соопшти епидемиолошките податоци, од друга страна, медиумите со тајкунски предзнак не се заинтересирани за животот на луѓето или лекарите, туку само за отстранување на претседателот на Србија од политичкиот живот “, посочија од ТВ Н1. Од оваа белградска телевизија констатираат дека „синхронизирано истата оценка ја има изненесено и Курир, со обвинување дека Н1 го користи коронавирусот за напад врз Александар Вучиќ до мерка што може да го зголеми бројот на заразени во Србија. И уредникот на Информер дојде на прес-конференција на Кризниот штаб, извинувајќи се за нападите на одредени медиуми врз лекарите….“ Зошто во Србија се тестираат мал број граѓани, што се случува со заразените лекари и влегувањето на коронавирусот во болниците и дали власта ја користи вонредната состојба за лично промовирање и гушење на слободата на говор, се прашања кои секојдневно ги поставуваат новинарите од медиумите кои работат во јавен интерес. -Медиумите имаат улога на свртување на вниманието на јавноста, а фактот што граѓаните можат да ги слушнат овие прашања на прес конференциите и да чујат кои се нарачани прашања, а кои во интерес на јавноста и пречи на власта, оценува новинарот Слободан Георгиев. Реагираа и од опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), со став дека „прес-конференции без новинари, не се прес конференции.“ -После вчерашниот промотивен митинг на Александар Вучиќ во Ниш, каде не се почитуваа правилата за заштита ниту на собраните, ниту на новинарите, режимот одлучи заради „незгодни“ прашања да го спречи присуството на новинарите на прес-конференци, порачао од СзС, додавјќи декаа повеќе од симболично е што забраната почнува да се применува на годишнината од убиството на Славко Чурувија, кога министер за информации беше личноста кој денес има пресудно влијание врз задушувањето на слободните медиуми.
Реакции во Србија по владината одлука прес конференциите да се одржуваат без новинари | opserver.mk