Реагираат опозициските партии: Онлајн пописот неефикасен
Опозициските партии реагираа околу апликацијата за онлајн пописот.
Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека одговорност за нефункционалноста на апликацијата треба да понесе директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Вели дека системот за попишување е неефикасен.
И пратеникот од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Халил Снопче, вели дека добиле бројни поплаки од печалбарите дека наидуваат на потешкотии при само-попишувањето.
-Имам листа поплаки, но првиот дел од прес-конференцијата беше да испратиме порака до печалбарите. Уште првиот ден се појавија бројни проблеми, на пример имаме забелешки од граѓани околу прашањата на прашалникот кои се на албански, а можните одговори се само на македонски, значи ова треба да се избегне. Друг проблем е што не го прифаќа матичниот број, потоа никаде нема прашање за последниот престој во РСМ…-вели Снопче.
Од Државниот завод за статистика преку соопштение ги негираат наводите објавени во некои медиуми – дека барањето за само-попишување на дијаспората е хакирано, тврдејќи дека станува збор за неточни и деструктивни информации.