Рашковски за ТВ24: Во Мексико никогаш не било поевтино, одморот го планирав пред неколку месеци
Поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, Драги Рашковски, во изјава за ТВ24 вели дека одморот за Мексико го испланирал пред неколку месеци и не може да знае однапред што ќе се случува на политичката сцена.
„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на ’Букинг‘. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“,
Ве молиме следете не и стискајте лајк: