ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски, на СДСМ и Ковачевски паѓа – декемвриска анкета

На идните парламентарни избори победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на Маркет вижн. Според анкетата може да се забележи голем раст на рејтингот на партијата на Мицкоски, за која на изборите во мај би гласале 16,35 проценти од испитаниците. На второ место, според анккетата е ДУИ за која позитивно се изјасниле 5,95 отсто, а дури на трето место е моменталната владеајчка партија СДСМ за која би гласале нешто помалку отколку за ДУИ, односно 5,65 проценти.

БЕСА 1,40

Алијанса 1,10

Алтернатива 0,70

Демократско движење 0,20

Не знае дали ќе гласа 15,85

Нема да излезе на гласање 20,20

Ако се следи рејтингот на партиите, може да се забележи дека, барем во анкетите нарачани од МКД.мк., а спроведени од Маркет вижн , континуиран раст на довербата има кај ВМРО-ДПМНЕ, а пад во популарноста на социјал-демократите. Кај ДУИ има благ раст на рејтингот, а кај партијата на Таравари кривата оди надолу.

За ВМРО ДПМНЕ во септември ги гласале 25,1 отсто, а на анкетата во декември 26,7

За СДСМ во септевмври ги гласале 9,5, , а на анкетата во декември 9,2

За ДУИ во септевмври ги гласале 9,7, , а на анкетата во декември бројот е ист

За Алијанса во септевмври ги гласале 3,1 , а на анкетата во декември 1,8

Политичар во кого граѓаните најмногу имаат доверба е првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ односно Христијан Мицкоски за кого се изјасниле без малку 13 отсто од испитаниците. Исто и како кај популарноста на партиите, така и на ова прашање, второто место, барем спореед анкетата, му припаѓа на Али Ахмети со 6,65 %, а дури на трето место е актуелниот премиер Димитар Ковачевски за кого гласале само 4,25 проценти од испитаниците.

Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија.

Повеќе од 60 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат на следните избори. И тука забележлив е трендот на заинтересираноста на граѓаните за гласање. Во јуни таа бројка беше 56,8%, септември 52,2% и декември 61,2 отсто.

Анкетирањето било спроведено од 8 до 15 декември со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.067 испитаници со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.