ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Расте бројот на ковид позитивни, комисијата за заразни билести не донесе нови рестриктивни мерки

Нема воведување на нови рестриктивни мерки ова е одлуката на комисијата за заразни болести. Според нив изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи, што е значително понизок пораст споредено со претходната недела.

– „Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19“, велат од  КЗБ.

Останува на сила почитување на мерките, задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од комисијата порачуваат дека од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе.

Дека рестрективни мерки против ковид 19 не се потребни, смета и професорот Драган Данаиловски кој апелира на вакцинација за ранливите категории на граѓани, тој истакна следниот бран на ковд 19 треба да го очекуваме во зима.

Скопје сеуште останува жариште со ковид позитивни случаи. Расте бројката на заразени и на деца, со ковидот мака мачи и југоистокот од земјава. Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје од ковид 19 во Југоистокот досега вкупно заболеле околу 20 илјади пациенти а околу 600 лица го загубија животот од компликации предизвикани од вирусот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.