Рано е и за реконструкција и за нови избори

Десет дена по средбата Ковачевски-Таравари, нема договор за влез на Алијанса на Албанците во Владата. Партијата потенцира дека „освен некакви сигнали, не добиле официјална понуда ниту пак се водат некакви разговори“.
Доколку дојде до тоа, „ќе имаат подготвен одговор со конкретна платфрома, точки и решенија за проблемите.
Ако се прифатат, ќе можеме да разговараме и за други теми“, велат од Алијанса.
Од ДУИ ги отфрлаат шпекулациите дека треба да го отстапат министерството за образование.
Лидерот Ахмети тврди дека за такви детали не е разговарано, но дека е потребна поголема усогласеност заради евроинтеграциите и заради интересот на државата.
Според Ахмети, прашањето за предвремени избори, на кое опозицијата постојано инсистира, воопшто не е приоритетно.
И премиерот Ковачевски повторува дека избори ќе има во редовниот термин, во 2024.
Ја повика ВМРО ДПМНЕ и градоначалниците од оваа партија, вклучувајќи ја и Данела Арсовска, да почнат да работат.
А ВМРО ДПМНЕ тврди дека Ковачевски и Арсовска се во тајна коалиција.
Ги повикуваат „наместо да си ја префрлаат топката, да почнат да работат и да испорачуваат резултати. Или, да си дадат оставки па да се организираат избори“.