ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рама не се согласува дека една држава може да страда ако прими десетици или стотици илјади бегалци

Aлбанскиот премиер Еди Рама го спореди егзодусот на Албанците со тој на Авганистанците. За италијанските медиуми изјави дека пред 30 години тие биле Авганистанци кои барале гостопримство од другата страна на морето.

Изјави дека тој не се согласува со некои мислења дека една држава може да страда ако прими десетици, па дури и стотици илјади бегалци. Рама вели дека на тој начин станале морално побогати и психички посилни.

„Од друга страна, имаме традиција која треба да ја почитуваме. Албанија е единствената европска земја која беше домаќин на Евреите пред и по завршувањето на Втората светска војна. Тоа е кодекс на чест што не обврзува да бидеме гостопримливи. Кодекс, според кој куќата на секој Албанец му припаѓа на Бога и на гостинот“, изјави Рама, пренесува АБЦ њуз Албанија.

Дописничката на МИА од Тирана, јави дека Рама вели дека треба да продолжат да го прават тоа и за нивните деца, и дека гостопримството треба да се негува. 

Албанија на барање на САД, ќе прими три илјади Авганистанци. Бегалци од оваа земја ќе примат Македонија и Косово. Многу европски земји веќе се изјаснија дека нема да примат или ќе примат едноцифрена бројка на бегалци од Авганистан. Словенечкиот премиер Јанез Јанша кажа дека не се должни да плаќаат за луѓето кои бегаат и не сакаат да си ја бранат татковината. Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изјави дека Авганистанците тешко се интегрираат во нивното општество. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.