ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Радев ја условува деблокадата со промена на Уставот и „признавање на историската вистина“

Утрово Радев двапати се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев. Првиот состанок беше со врвот на Европската Унија и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, а на вториот на Радев и на Заев им се придружија германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Додека Северна Македонија продолжува на некој начин со „преродбениот процес“ и додека нашите сонародници минуваат низ суптилна асимилација и нивните основни права се потиснати, Бугарија нема како да каже „да“ за почеток на преговори во Европската Унија.

Ова го кажа претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска од Брдо кај Крањ, по серијата средби на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан.

Утрово Радев двапати се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев. Првиот состанок беше со врвот на Европската Унија и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, а на вториот на Радев и на Заев им се придружија германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

По состаноците, Радев коментираше дека целта е да се најде начин за надминување на спорот.

„Нашите европски партнери се повеќе ја разбираат суштината на проблемот со Северна Македонија. Ова е систематска дебугаризација, систематско уништување на бугарското културно и историско наследство, децениски процес на преродба“,

вели Радев.

Радев јасно ги исцрта прашањата со чие затворање го условува стартот на преговорите за членство со ЕУ.

„Клучот за согласност на Бугарија воопшто не е сложен – се состои во целосно имплементирање на Договорот за добрососедство. Потоа, македонските Бугари да бидат подеднакво рамноправни со останатите 7 народи наведени во Уставот на Северна Македонија и тоа треба да биде јасно наведено. Второ, македонските Бугари да бидат јасно наведени во резултатите од пописот. Трето, како што беше признаена историската вистина во односите со Грција, истото да биде сторено и со Бугарија. Објективните факти од нашата општа историја не може да бидат подложени на мултиперспективно толкување.“

изјави Радев.

Радев, го коментираше и случајот со заменетата спомен-плоча на гробот на Велко Скочивирчето во прилепското село Клепач, за што бугарското МНР упати протестна нота, но подоцна македонските надлежни органи утврдија дека замената на плочата била направена од член на семејството на војводата Скочивирчето и притоа е констатирано дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.

„Не само што се прогонуваат живите, туку се уништува и сеќавањето“,

рече Радев коментирајќи за гробот на Скочивирчето.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.