ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Радев од Брисел: Патот на Македонија кон ЕУ зависи само од дијалогот со Бугарија

Под притисок  на Бугарија, проширувањето на Унијата и можноста Македонија да ги стартува преговирте воопшто не се тема на разговор на европските лидери. Пред стартот на состанокот на Европскиот совет во Брисел, Радев се пофали дека ги издржале сите притисоци изминатите два месеци и успеале да докажат дека патот на Македонија кон Европската унија минува низ Бугарија. Разговорите ќе продолжат, но Софија не отстапува од своите барања.

– Последните месец и половина, Бугарија беше под неверојатен притисок од европските партнери на денешниот Европски совет да ги започне преговорите за членство во РСМ. Верувам дека разбраа дека обвинувањата против Бугарија се неосновани, дека имаме јасен став да најдеме излез од овој проблем и дека инсистираме на сигурни гаранции, на одржливи и неповратни резултати во билатералните односи. Време е да се излезе од семејната дипломатија пред камерите и да се фокусираме на прагматични решенија… Притисокот ќе продолжи, но ние докажавме овој месец и половина дека можеме да бидеме отворени за конструктивен дијалог и да иницираме дијалог на највисоко ниво – додаде Радев.

Дека Македонија и Албанија воопшто не се тема на разговор, потврдува и објавената агенда на Европскиот совет. Овие два дена во Брисел лидерите на земјите членки се фокусираат на ковид пандемијата, процесот на вакцинација, економското закрепнување на унијата, миграцијата и надворешните односи со Турција и Русија. Ова е последен самит кој го организира Португалија, која од 1 јули претседавњето со унијата и го предава на Словенија. Самитот за Западен Балкан кој Словенија ќе го организира на 6 октомври ќе биде следна шанса за придвижување на европската интеграција на Македонија и Албанија.

Поддршка за двете земји денеска пристигна и од српскиот претседател Вучиќ. 

Многу ми е жал што не им е даден датум за оптпочнување преговори. Многу ми е жал, бидејќи мислам дека тоа е нефер и кон граѓаните.Сметам дека е нефер и кон Тирана и кон Скопје, како и кон граѓаните и луѓето што ги водат тие земји. Тие ќе имаат искрен пријател во Србија и ќе ја подобриме соработката со нив и сакам да објавам дека ќе имаме важна (29 јуни) видео конференција со премиерите Заев и Рама, рече Вучиќ.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.