ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Радев контра Петков, а во одбрана на Јанев: Не треба да се менува министер за одбрана во ек на воена криза во близина

Смената на министерот за одбрана во ек на воена криза во соседството е ризик за кој е одговорна владејачката коалиција, реагира бугарскиот претседател

Бугарскиот претседател Румен Радев е на спротивен став со премиерот Кирил Петков, кој денеска најави дека ќе побара оставка, а утре и разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев поради неговото одбивање да го употреби терминот „војна’ во врска со руската инвазија во Украина.

Радев смета дека не е во ред да се менува министер за одбрана во ек на воена криза во близина и дека при избор на министер мнозинството треба да се води компетентноста и способноста на личноста да го брани бугарскиот интерес.

„Смената на министерот за одбрана во ек на воена криза во соседството е ризик за кој е одговорна владејачката коалиција. При изборот на министер, мнозинството мора да се раководи од разбирањето на суверенитетот, професионалната компетентност и способноста да го брани бугарскиот интерес. За неколку дена ќе го славиме нашиот национален празник. На бугарска почва почиваат коските на илјадници руски и украински војници кои рамо до рамо се бореа во руско-турската ослободителна војна и загинаа за слободата на Бугарија. Затоа сегашното братоубиството е особено болно за нас Бугарите. Ништо не може да оправда жртви, уништувања и големи страдања. Нормален човек не може да прости глетката на мртви луѓе, бегање на мајки со деца, скршени судбини. Народот на Украина не заслужува таква судбина. Ниту оцрнети семејства на загинатите руски војници“,

се наведува во соопштение од кабинетот на Радев.

Бугарскиот претседател верува дека има превентивни мерки што треба да се преземат.

„Очекувам владата да ја засили работата за да ги намали последиците од кризата што се наѕира: од зајакнување на енергетската безбедност до обезбедување на суверенитет на храната. Кабинетот мора да го гарантира лебот на Бугарите, зајакнување на одбранбениот капацитет на земјата, создавање на потребните услови за зајакнување на колективната одбрана во случај на влошување на безбедносната средина“,

наведува Радев.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.