ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин тврди: Украина нема желба да се држи до мартовскиот договор

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, изјави дека Москва не гледа желба на Украина, како што рече, да го спроведе прелиминарниот мировен договор договорен во март.

Зборувајќи за новинарите по самитот во Техеран, Путин рече дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати нудат да посредуваат во преговорите меѓу Украина и Русија, пренесува Ројтерс.

Претседателите на Русија, Иран и Турција на состанокот во Техеран усвоија заедничка изјава за ситуацијата во Сирија, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

– Усвоената заедничка изјава ја потврди посветеноста за зајакнување на трилатералната соработка меѓу Русија, Иран и Турција во интерес на постигнување одржлива нормализација на ситуацијата во Сириската Арапска Република – рече Путин, пренесува РИА Новости.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.