Путин се сретна со италијанскиот премиер
Рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретна со италијанскиот премиер Џузепе Конте со кого се заложија за јакнење на економските врски и покрај санкциите на ЕУ кон Русија поради украинската криза.
Конте за време на првата посета на Москва откако дојде на власт, рече дека Русија е еден од главните актери на меѓународната политичка сцена додавајќи дека раздорот меѓу ЕУ и Русија поради украинската криза „трае премогу долго“.
– Украинската криза предизвика поделба и го блокира дијалогот. Тоа не смееме да го дозволиме. Тој период треба да го оставиме зад нас. Премногу долго трае, рече Конте на заедничка прес-конференција со Путин.
Рускиот претседател истакна дека и покрај санкциите, Италија и Русија задржале добри односи.
Претставници на двете земји потпишаа повеќе договори во областа на инвестициите и трговијата со цел јакнење на билатералните односи.