Путин: Русија би употребила нуклеарно оружје само доколку е нападната
Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека неговата земја би решила да го употреби нуклеарниот арсенал само како одговор на напад, пренесуваат руските медиуми.
„Немаме концепт да го користиме нуклеарното оружје за превентивен напад“, кажа Путин на политичкиот форум во Сочи. „Русија е спремна да употреби нуклеарно оружје само ако бидеме сигурни дека некој, потенцијален агресот, ја напаѓа Русија“.
„Но тој, агресорот, ќе мора да знае дека одмаздата е неизбежна. Тој ќе биде уништен“, кажа рускиот претседател.
„Како жртви на агресија, како маченици, ние ќе одиме на небото, а тие само ќе умрат бидејќи нема да имаат време да се покајат“, кажа Путин.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: